Линкови за пристапност

Исламската држава посакува религиозна војна


Терористичката организација ги повикува симпатизерите на запад да ги напаѓаат христијанските неверници, за да предизвикаат повратна реакција

Исламската држава ги поттикнува нејзините поддржувачи да извршат други напади врз христијани, на само неколку денови откако симпатизерите на терористичката група го убија 95 годишниот француски свештеник Жак Хамел за време на миса – намерна тактика за која француските власти стравуваат дека има за цел да испровоцира жестока христијанска реакција во земјата кој би била насочена против француските муслимани.

Во најновото Интернет издание на магазинот „Dabiqе со тематски фокус „Скршете го крстот“ и е читано меѓу симпатизерите на групата. Во серијата на интервјуа за гласноговорници се користат странските борци кои ја промениле христијанската вера со цел да ги повикаат поддржувачите на запад на уништување на „арогантните христијански неверници.“ Тие ги убедуваат муслиманите да „се молат клетвата на Алах да биде упатена кон лажливците.“

Папата Францис, исто како и водачите на православната и коптската црква се помеѓу избраните цели во 15-то издание на магазинот објавен во неделата. Пропагандата на Исламската држава се подбива со папата Францис, велејќи дека тој само го осудил нападот врз ЛГБТ заедницата во Орландо „затоа што самиот доаѓа од организација на силувачи на момчиња.“

Борецот на Исламската држава, Абу Саад ат Тринидади, поранешен христијанин од Тринидад и Тобаго навраќајќи се на неодамнешните напади на запад ги повикува поддржувачите на организацијата „да го следат примерот на лавовите во Франција, Белгија, примерот на благословениот пар од Калифорнија, и примерот на јунаците од Орландо и Ница.“

Зона на самракот

Оваа не прв пат Исламската држава да ги охрабрува своите приврзаници да целат на христијаните на запад - или да се закануваат дека ќе го уништат христијанството.

Во февруари 2015-та, терористичката група објави шокантно пет минутно видео во кое беше документирано варварското масовно убиство на 21 египетски коптски христијани на бреговите на Либија. Во видеото, по егзекуцијата гласноговорникот покажува на север, велејќи дека „Ќе го освоиме Рим, со дозвола на Алах.“

Милитантната група ги тероризира христијаните на територијата на Сирија и Ирак која а е под нивна контрола преку силувања, киднапирања, принудна промена на религијата, сквернавење на црквите и присилни иселувања. Во 2014-та папата Францис предупреди дека „Во Сирија во сенката на граѓанската војна се одвива друга војна – војна против христијанската црква.“

Но обновениот фокус на западното христијанство, според аналитичарите е раководено од опасна и злокобна логика.

Тие предупредуваат дека стратезите на Исламската држава се обидуваат да испровоцираат непропорционална реакција на западните влади и да ги разгневат граѓаните на овие земји со цел да ги привлечат младите муслимани во нивни раце и подалеку од тоа што џихадистите го нарекуваат „сива зона.“

„Сивата зона“ во јануарското издание на магазинот „Dabiq“ беше наречена како „зона на самракот во која муслиманите се помеѓу доброто и злото, помеѓу Калифатот и неверниците.“

Некои аналитичари на убиството на свештеникот Хамел во Франција гледаат како на прв акт на војната на Исламската држава против христијаните на европско тло.

Француските власти уште пред објавувањето на магазинот имале информации дека нападите на Исламската држава имаат за цел да предизвикаат војна против заедниците.“ Минатата недела претставник на француската влада соопшти дека еден од главните приоритети на Владата е да спречи судир на христијаните и муслиманите.

XS
SM
MD
LG