Линкови за пристапност

Први случаи на Зика во САД пренесени локално


Во Флорида регистрирани четири случаи на болеста кои најверојатно не се поврзани со патување во странство

Гувернерот на сојузната држава, Рик Скот на прес конференција кажа:

„Флорида постана првата сојузна држава во која имаме локален пренос на вирусот Зика.“

Тој кажа дека досега се забележани 1650 случаи на болеста во САД, поврзани со патување во земјите во Латинска Америка и Карбите кои се соочуваат со епидемија.

Четирите случаи во Флорида се ограничени на мала област северно од Мајами, кажа гувернерот Скот повикувајќи се на здравствените власти.

Флорида побара 15 милиони долари од вонредниот фонд за борба против болеста, да изврши тестирање на комарци и да подготви програма за заштита. Од американскиот Центар за контрола на болести соопштија дека одобриле 8 милиони долари.

Од единствената компанија за достава на донирана крв соопштија дека ќе ја тестираат крвта од Зика вирус.

Комарецот кој го пренесува вирусот живее во јужните американски држави. Здравствените власти предвидуваат дека вирусот ќе продолжи да се шири летото и дека тие се обидела да го изолираат.

Иако болеста во повеќето случаи има релативно слаби симптоми, многу бремени жени заразени од вирусот раѓаат бебиња со помала глава, случај познат како микрокефалија.

Во Бразил се регистрирани над 1600 вакви случаи, од почетокот на епидемијата мината година.

XS
SM
MD
LG