Линкови за пристапност

Самитот на НАТО најважен по крајот на Студената војна


Американски претставници велат дека настанот е критичен момент за воспоставување на кохезивна стратегија кој не се фокусира на гаранции, туку на одвраќање

Американскиот претседател Барак Обама денеска во Варшава започна со дводневните средби, а на врвот на неговата агенда е Брегзит и загриженоста од тоа како ќе се одрази на НАТО, напуштањето на Европската унија на моќната членка Британија.

САД имаат „силен и траен интерес“ за обединета Европа и секој има интерес за „минимизирање на нарушувањата“ во време кога ЕУ и Британија „воспоставуваат нов однос,“ кажа Обама по средбата со европските лидери на почетокот на НАТО самитот.

Американскиот претседател Обама побара гаранции од европските лидери во време кога на континентот расте неспокојството за иднината на европската интеграција по Брегзит:

„Јас сум апсолутно сигурен дека Велика Британија и Европската унија ќе работат прагматично да обезбедат доследна и глатка транзиција“ кажа Обама и додаде дека не можеме да ја изгубиме перспективата за постигнатото од европската интеграција.

Подвлекувајќи ја американската загриженост за одлуката на Британија да ја напушти ЕУ, Обама веднаш по пристигнувањето во Варшава се сретна со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

Но на официјалната агенда беше Русија, и тоа што американските власти го нарекуваат најнаметливи и најагресивни акции на источното крило и кое ќе доминира во дводневните дискусии.

Русија, воено најспособен сосед на НАТО продолжува да се вооружува и не покажува знаци за ставање крај на инволвираноста во Украина. САД на тоа гледаат како на растечка потенцијална закана за НАТО членките кои еднаш беа дел од Советскиот сојуз.

Вашингтон со став дека станува збор за критичен момент за воспоставување на кохезивен одговор, за прва пат во 25 години кој не се фокусира на гаранции, туку на одвраќање.

За прв пат во историјата 13.000 НАТО војници се наоѓаат во состојба на зголемена воена состојба, моментално стационирани во Шпанија - следната станица на претседателот Обама.

XS
SM
MD
LG