Линкови за пристапност

Расте сумата за џек-пот на Мега милионс


Во следното извлекување на лотаријата во петок добивката ќе изнесува 508 милиони долари, седма најголема сума во американската историја

Од 8-ми март наваму, најголемата награда не беше доделена во 34 последователни излекувања. Претходниот рекорд беше 22 извлекувања.

Најголемата добивка од 1,6 милијарди долари беше извлечена во лотаријата Пауербол, со добитни ливчиња продадени во три сојузни држави.

Мега милионс се игра во 44 сојузни држави, главниот град Вашингтон и на Девствените острови.

Играчите треба да погодат пет броеви од 1 до 75 и еден „мега“ број од 1 до 15.

Шансите да се погодат сите 6 броеви се 1: 258,890,850.

XS
SM
MD
LG