Линкови за пристапност

Додека сите очи се на Џуно, Нови хоризонти оди на рандеву


Мисијата на вселенското летало „Нови хоризонти“ ќе заврши на 1-ви јануари 2019-та со средба со 2014 MU69

Додека сите очи се свртени кон историската средба на вселенската сонда Џуно со Јупитер, НАСА објави дека ја продолжува мисијата на вселенското летало „Нови хоризонти“ кое неодамна испрати импресивни фотографии од џуџестата планета Плутон.

„Нови хоризонти“ ќе се упати понатака кон Кајперовиот појас, област во сончевиот систем во кој има астероиди, комети и други помали тела, за да се сретне со „прастариот објект“ наречен 2014 MU69, кое вселенската агенција го нарекува „еден од камен темелниците во соларниот систем.“

XS
SM
MD
LG