Линкови за пристапност

Зајакнати безбедносни мерки на партиските конвенции


Кливленд и Филаделфија се подготвуваат за републиканската и демократската конвенција во јули

Федералните, сојузните и градските власти ги финализираат плановите за справување со евентуалните протести и закани по безбедноста за време на планираните конвенции на Републиканската и Демократската партија, каде и официјално ќе бидат номинирани кандидатите за претседател на САД.

Во Кливленд, Охајо каде од 18 до 21 јули, ќе се одржи републиканската конвенција, на која Доналд Трамп ќе биде потврден за партиската номинација се очекува дека ќе присуствуваат повеќе од 50.000 илјади луѓе, вклучувајќи и 6.000 демонстранти.

Градоначалникот на Кливленд вели дека „големината и значењето на конвенцијата создава уникатни предизвици“ за градот, принудувајќи ги властите да воведат специјални рестрикции.

Веќе се случија неколку физички претсметки помеѓу демократските и републиканските протестанти за време на собирите на Трамп, и полицијата се подготвува за можноста да се случат и други за време на републиканската конвенција во Кливленд.

Во време кога Трамп и Хилари Клинтон вербално се повеќе се напаѓаат, гневот кај нивните следбеници се зголемува, и со тоа може да има последици за време на двете конвенции.

„Ако групи или поединци решат да дејствуваат незаконски, имаме планови да се справиме со нив. Ние ја разбираме природата на овие настани, и имаме идентификувано неколкумина индивидуи кои можеби ќе се судрат,“ рече за Гласот на Америка, портпаролката на Тајната служба, Никол Мејнор.

Во последниве 18 месеци, Тајната служба соработува со локалните и федералните безбедносни служби како Одделот за домашна безбедност и ФБИ за да се подготват за конвенциите во Кливленд и Филаделфија.

Властите од градот Кливленд планираат стриктна контрола на демонстрантите. Градот ќе ги ограничи маршевите на 50 минути, и да се одржуваа во утринските часови пред заседанието на делегатите. Планираната рута за демонстрантите е да го поминат мостот во спротивен правец од „Квикен лоан“ арената, каде ќе се одржи конвенцијата.

Градските власти велат дека ќе организираат кордони околу арената.

Во меѓувреме федерален судија ја отфрли одлуката протестите да бидат подалеку, на 5,6 километри од т.н. „ зона на настанот“ наведувајќи ја како неуставна. Одлуката беше донесена со цел да забрани носење на големи ранци, селотејп и врвки. Исто така тоа ќе забранеше каде демонстрантите би можеле да држат говори. Властите на Кливленд најавија дека ќе ја обжалат одлуката.

Една седмица по републиканската конвенција, илјадници луѓе, вклучувајќи 30.000 делегати и 15.000 новинари ќе се соберат во Филаделфија, Пенсилванија за да ја изберат Хилари Клинтон како партиска номинација за претседателските избори.

Властите во Филаделфија превземаат различни мерки од оние на нивните колеги во Кливленд. Властите ќе дозволат собир на поддржувачите на претседателскиот кандидат, сенаторот од Вермонт Берни Сандерс во текот на целиот ден, од другата страна на улицата на „Велс фарго арената.“

Арената ќе биде заштитена со новоизградена ограда со висина од 1.5 метри.

Се очекува илјадници поддржувачи на Сандерс да дојдат во Филаделфија за време на партиската конвенција од 25-28 јули.

Портпаролката на градот, Лорен Хит за Гласот на Америка кажа дека се сретнала со групите демонстранти и дека очекува протестите да бидат мирни.

Одделот за домашна безбедност поради бројот на учесници, смета дека настаните се можна цел на терористички напад, како резултат на тоа Кливленд и Филаделфија ќе добијат по 50 милиони долари федерална помош за набавка на опрема за одржување на безбедноста во спортски арените за конвенциите и локациите околу нив.

XS
SM
MD
LG