Линкови за пристапност

Зошто Русите бомбардирале?


САД бараат одговор за нападот на цели на умерените бунтовници во Сирија

Руските авиони бомбардирале цели на умерените бунтовнички сили кои се подржани од САД и кои се борат со милитантите на Исламската држава во јужниот дел на Сирија, кажа висок американски претставник.

Претставникот, кој побара да остане анонимен, кажа дека руските авиони веќе некое време не биле активни во областите во близина на сириската граница со Јордан и Ирак, а нападот предизвикал „сериозна загриженост“ околу руските намери.

„Ќе побараме објаснување од Русија, зошто ја превземале оваа акција, и да осигуриме дека ова нема да се случи повторно“, кажа тој.

Во минатото, САД го критикуваа руското присуство во Сирија, и одбиваа соработка со руските сили во земјата, за кои САД велат дека се координираат со сирискиот претседател Башар ал Асад во консолидирање на неговата моќ.

Вчерашното бомбардирање најверојатно ќе ги тестира веќе нарушените односи помеѓу САД и Русија, и доаѓа еден ден откако американскиот државен секретар Џон Кери ги предупреди Сирија и Русија да го почитуваат прекинот на огнот потпишан помеѓу трите земји порано годинава.

„Русија треба да разбере дека нашето трпение не е бескрајно. Всушност е многу ограничено со тоа дали претседателот Башар ал Асад ќе биде земен на одговорност“ кажа во средата Кери по средбата со ирански претставници.

Американската армија во Сирија спроведува програма за тренинг на единици на умерените бунтовнички сили кои се борат против милитантите на Исламската држава.

Програмата имаше ограничен успех, и Одделот за одбрана на САД ја промени стратегијата, да работи со ограничен број на бунтовници, наместо со цели единици.

XS
SM
MD
LG