Линкови за пристапност

Политика на заплашување: анти-муслиманска реторика во САД


Муслиманската заедница е успешна и интегрирана, но тонот на претседателската кампања влијае врз членовите на оваа заедница

Оваа е сцена која може да се види во секој американски град. 25 годишниот Даниш Башир трча кон првата база во натпреварот во софтбол, додека неговите родители Емрон и Амна му даваат поддршка од трибините.

Семејството Башир во САД дошле од Пакистан. Нивните два сина, Даниш и Данјиел се родени и израснати во САД. Тие се дел од трите милиони муслимани кои живеат во САД. Според неодамнешното истражување на Центарот Пју, до 2050, Исламот ќе биде втора најголема религија во САД.

Ако предлогот на Доналд Трамп за забрана на влез на муслимани во САД е усвоен, семејствата како ова никогаш немале да стасаат во САД, и ќе ја немале шансата да постанат американски државјани.

Во говорот во понеделникот, по масовното убиство во Орландо, Трамп ја повтори неговата заложба за забрана на влез на муслимани во САД.

Емрон и Амна дошле во САД во 1988 година за да студираат на Универзитетот Сиркуз во сојузната држава Њујорк. Се сретнале во втората година од студирањето, подоцна стапиле во брак и се решиле да останат во земјата и да основаат семејство.

Семејството живее удобен живот, дел од високата средна класа во предградие на Вашингтон, во сојузната држава Вирџинија. Емрон и неговиот постар син работат во компјутерската индустрија. Помладиот син работи на неговиот докторат по фармација на Универзитетот во Балтимор.

Иако во САД има градови каде има поголема концентрација на муслимани, повеќето од нив се интегрирани – и живеат во различни населби ширум САД.

Муслиманите во Европа

Моленбек, бриселскиот котел каде се измешани неколку националности е половина час од позната Голема палата во градот. Местото каде се вратиле некои од џихадисти од Сирија и населба каде пораснале некои од осомничените за нападите во Брисел и Париз.

Но Моленбек е повеќе од збир на радикализирани жители. Населбата ја рефлектира мултикултурна Европа која се менува брзо и која според експертите треба да изнајде нови начини за промислување на интеграцијата.

За некои тоа значи прифаќање на разликите на припадност –до населбата, градот на пример, нацијата. За други тоа е напуштање на традиционалниот модел на асимилација и прифаќање на американскиот модел кон религијата и мулти културализмот.

Истата дебата се води и во населбите во Франција, затоа што земјите имаат сличности.

И Белгија и Франција се секуларни земји, кои избираат асимилација наместо различност кај новодојдените. И двете земји имаат најголем број на странски борци, и двете земји имаат голем број на имигранти од Северна Африка.

САД не се Европа, но...

Демографијата на муслиманите во САД е различна од европската. Според студијата на Центарот Пју, муслиманите во САД имаат повисоко образование и имаат поголеми примања споредено со другите религии. 39 проценти од муслиманите во САД имаат високо образование споредено со христијаните со само 25 проценти.

Образованието значи и повисоки приходи. Во 2015-та средната вредност на платата во САД била $53,657 долари. 29 проценти од муслиманите заработиле од 50.000 до 100.000 долари, а 20 проценти заработиле повеќе од 100.000 долари. 27 проценти од американските христијани заработиле од 50-100.000 илјади долари, додека само 17 проценти заработиле повеќе од 100.000 долари.

Ова реалност е лажно прикажана од републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп. Тој повика на забрана за влез на муслимани во САД во март, по бомбашкиот напад во Брисел. Тој сугерираше дека Исламот е заснован на омраза и насилство. „Од каде и зошто оваа насилство, ние треба да го откриеме тоа“ кажа тој.

Неговите повици за забрана за влез на муслимани во САД беа окарактеризирани како неуставни и контрапродуктивни од страна на академската средина и експертите за контра-тероризам.

Американските муслимани се плашат од негативна реакција

Во домот на Башир, во Спринфилд Вирџинија, Емрон и неговиот син Даниш се вратени од работа. Емрон приготвува ориз како дел од вечерата, додека Даниш разменува пораки со пријателите за серијата „Игра на тронови“, која е популарна кај младите во САД.

Емрон вели дека е загрижен за начинот како се претставени муслиманите во претседателската кампања. За Гласот на Америка вели дека најдобар избор би било човек да се држи повлечено.

Даниш вели дека не го разбира Трамп „ Јас сум американец, исто така. Да се биде американец, е да се биде заедно, тоа значи дека моето мислење е различно од неговото. Неговата омраза за ИСИС е правилна. Но да се посочува кон луѓето од нашата страна? Тоа не држи, според мене.“

Даниш вели дека тој е среќен што живее во мешана населба, и има пријатели со различно потекло.

XS
SM
MD
LG