Линкови за пристапност

Пентагон ги засилува кибернетските операции против ИСИС


Пентагон промовираше нови сили за кибернетска борба против Исламската држава, во време кога постојните кибернетски напори создаваат предност во кибернетскиот простор и на бојното поле во борбата против милитантите.

Новите кибернетски сили беа создадени во мај, и во моментот се во нивната „почетна операциона фаза“, кажа портпаролот Американската кибернетска команда, Џо Холстед.

Армијата изврши неколку кибернетски акции против Исламската држава, за кои експертите велат дека донеле успех во последниве неколку месеци.

„Нема пукање и експлозии, но тоа создава воена предност“ вели Џејмс Луис од Центарот за стратегиски и меѓународни студии.

За време на последниот брифинг за новинарите, секретарот за одбрана Аш Картер кажа дека Пентагон ги разгледува можностите да ја „забрза“ кибернетската војна против Исламската држава во обид „физички и виртуелно да ја изолира“ терористичката група.

Џо Холстед, од кибернетската команда вели дека новите сили се дел од овие напори за забрзување, и дека во силите се вклучени разузнавачи и оперативци од сите родови на армијата за да се „подобри ефикасноста“ и да се обединат напорите во „фокусирана и одржлива кибернетска кампања во поширока борба против Исламската држава во Сирија и Ирак.“

XS
SM
MD
LG