Линкови за пристапност

Обама ќе изрази сочувство во Орландо


Претседателот ќе се сретнe со семејствата на жртвите

Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе го посети Орландо, Флорида да искаже почит и утеха за заедницата.

Неговата посета доаѓа по масовно убиство во неделата во ноќниот клуб во градот во кој загинаа 49 лица, а беа ранети 53. Претседателот ќе се сретне со семејствата на жртвите, со оние кои го преживеа настанот, со полицијата и медицинските лица кои им помогнаа на ранетите.

„Претседателот знае дека тој е симбол на нацијата“ кажа портпаролот на Белата куќа Џош Ернест. „Кога тој ќе ја посети заедницата и ќе се сретне со семејствата на кои им се случи трагедијата, тој нуди порака на сочувство и утеха во името на американскиот народ. Претседателот ја зема оваа одговорност сериозно.“

Ернест додаде дека поддршката од Обама ќе биде „моќна афирмација“ за ЛГБТ заедницата која беше мета на напад.

Во меѓувреме Сенатската комисија за домашна безбедност побара од Фејсбук да ги достави податоците кои се поврзани со напаѓачот Омар Матин.

Во писмо, претседавачот на комисијата, Рон Џонсон вели дека неговите соработници имаат информации дека Матин во неделата направил неколку постови на Фејсбук, и искажал лојалност кон лидерот на Исламската држава Абу Бакар ал Багдади, барајќи САД и Русија да престанат со бомбардирање на милитантите. Матин исто така рекол дека во наредните ќе следат повеќе напади на американско тло.

Други законодавци сакаат да знаат повеќе за контактите на ФБИ со Матин, со кого истражителите разговарале во 2013 и 2014 –та година, кога тој пред своите колеги се фалел дека има врски со Ал Каида. Агентите не биле во можност даги потврдат наводите, и ја затвориле истрагата.

XS
SM
MD
LG