Линкови за пристапност

Позитивна дискусија Клинтон - Сандерс


Американските прелиминарни избори официјално завршија вчера со победата на Хилари Клинтон над Берни Сандерс на изборите во главниот град на државата, и двајцата кандидати одржаа како што ја нарекоа „позитивна дискусија“ во Вашингтон.

Клинтон е најверојатната претседателска кандидатка од Демократската партија се очекува да биде потврдена на партиската конвенција во Филаделфија следниот месец. Сандерс остана во трката, без разлика на фактот дека заостануваше, што му овозможи да оствари влијание врз платформата на партијата.

По средбата и двете кампањи излегоа со слични соопштенија во кое стои дека Клинтон и Сандерс дискутирале за заедничките приоритети како зголемување на примањата, реформа на финансирање на кампањите и како да се направат универзитетите попристапни за студентите.

Тие исто така ја наведоа, како што нагласија, „опасната закана која за нацијата ја претставува Доналд Трамп“.

На изборите во Вашингтон Клинтон освои 78 проценти од гласовите, додека 21 процент отидоа на конто на Сандерс.

Клинтон досега има освоени освоено 2219 делегати, а Сандерс 1832.

XS
SM
MD
LG