Американскиот потпретседател Џо Бајден вели дека масовното убиство во Орландо, Флорида „станува се` појасно“ во време кога истражителите се обидуваат да ги дознаат мотивите за нападот во кој беа убиени 49 луѓе, а 53-ца беа ранети.
Бајден не кажа повеќе, но додаде дека претседателот Барак Обама ќе излезе со повеќе детали. Претседателот ќе го посети Орландо во четвртокот.
Обама го коментираше настанот вчера, велејќи дека нападот бил извршен од „гневен, растроен млад човек кој станал радикализиран.“ Тој кажа дека нема индикации дека некоја странска терористичка група го навела 29 годишниот Омар Матин да го изврши нападот на ноќниот клуб“.
Обама кажа дека американските власти „прават се` за да ги спречат таквите видови на напади“ но дека е „загрижен“ од тешкотиите да се лоцираат „ваквите поединци“ пред да го извршат делото.
Секретарот за домашна безбедност Џеј Џонсон вели дека властите продолжуваат за собираат информации за животот на Матин и повикаа на „разумна и одговорна“ контрола на оружјето.