Линкови за пристапност

Повеќе пари за пократки редици на аеродромите


Конгресот одобри 28 милиони долари за Управата за безбедност во сообраќајот

Американскиот Конгрес го одобри барањето за репрограмирање од Управата за безбедност во сообраќајот (ТСА), вредно 28 милиони долари, за да се отворат повеќе редови и да се намали чекањето на аеродромите.

„Му благодарам на Конгресот што го одобри репрограмирањето од 28 милиони по барање на Управата за безбедност во сообраќајот кое ќе ни овозможи поефикасна контрола на се поголемиот број на патници на американските аеродроми,“ стои во соопштението на секретарот за домашна безбедност Џеј Џонсон објавено вчера.

Парите ќе се искористат за вработување на 2784 безбедносни офицери кои сега работат со скратено време и ќе се додадат 53 нови безбедносни линии на аеродромите. Управата за безбедност во сообраќајот ќе вработи дополнителни 600 офицери до крајот на фискалната година.

Одлуката доаѓа по друго барање за репрограмирање, во вредност од 34 милиони долари кое беше одобрено во мај, со кое минатата недела беа отворени 160 нови редови за проверка. Од Управата велат дека просечното време за чекање кај 99 проценти од патниците е помало од 30 минути.

XS
SM
MD
LG