Линкови за пристапност

Националниот ден на знамето се одбележува среде период на жалост во САД


Претседателот Барак Обама издаде декларација американското знаме во четврток, на 16-ти јуни, да се спушти на половина копје во знак на жалост за жртвите од Орландо, Флорида.

Денеска е Ден на знамето во САД. Иако тоа не е голем национален федерален празник Американците на овој ден ја нагласуваат важноста на знамето и неговото место во американската историја.

Особено сега, како што Тим Ланкфорд од националното седиште на Американската легија во Индијанополис кажа за „Чикаго трибјун“ само неколку дена по најлошото масовно убиство во историјата на државата.

Празникот е комеморација на усвојувањето на американското знаме на 14-ти јуни 1777. Цела недела, заклучно со сабота, се одбележува Неделата на знамето.

Национален празник стана на 30 мај 1916, со прокламација на претседателот Вудроу Вилсон. Во 1949, Конгресот ја усвои легислативата – потпишана од претседателот Хари Труман – која го направи 14-ти јуни национален Ден на знамето.

Знамето треба да биде кренато од изгрејсонце до зајдисонце.

Претседателот Барак Обама издаде декларација американското знаме во четврток, на 16-ти јуни, да се спушти на половина копје во знак на жалост за жртвите од Орландо, Флорида, на сите јавни згради вклучувајќи ја и Белата куќа, армиски постројки и бродови, како и на сите американски амбасади и други објекти во странство.

XS
SM
MD
LG