Линкови за пристапност

Обама и формално ја поддржа Клинтон за претседател


По средбата во Белата куќа, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс сигнализира дека останува во трката

Претседателот на САД Барак Обама ја поддржа Хилари Клинтон во борбата за претседателската функција, на само два дена откако поранешната државна секретарка на САД постана најверојатна кандидатка од демократската партија.

„Знам колку тешка може да биде оваа работа, затоа мислам дека Хилари би била добра за таа функција“, вели Обама во видеото објавено на веб страницата на кампањата на Клинтон.

Поддршката дојде кратко откако Обама се сретна со сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс. По средбата во Белата куќа Сандерс сигнализира дека ќе остане во трката за номинацијата најмалку до следните прелиминарни избори закажани за следната недела во главниот град Вашингтон.

Сандерс кажа дека во наредните денови ќе се сретне со Клинтон, и исто така се заложи дека ќе работи за пораз на најверојатниот републикански кандидат Доналд Трамп, на општите избори закажани во ноември.

XS
SM
MD
LG