Линкови за пристапност

Кибернетска војна на САД против ИСИС


Веќе неколку месеци, американски владини хакери и се спротивставуваат на самопрогласениот калифат на кибернетска арена, но со каков резултат?

„Добро функционира“, кажа директорот на Националното разузнавање Џејмс Клапер за време на говор во Вашингтон, додавајќи: „Тоа е работа за која треба време.“

„Мислам дека учиме од оваа искуство, со вистинска операција во живо“, кажа тој. „Како што напредуваме понатаму, така ќе бидеме во можност да направиме поконкретна оценка.“

Американските власти досега внимаваа да не зборуваат јавно за кибернетските операции на САД против Исламската држава, иако секретарот за одбрана Аш Картер во февруари кажа дека врвен приоритет е „да се прекине и наруши командата и контролата на ИСИС“

Другите цели вклучуваа преоптоварувањето на кибернетските мрежи на ИСИС до точка каде што тие не ќе можат да функционираат. Иако одби да открие детали, тој рече дека има резултати.

„Тоа создава голема конфузија на нивна страна“, изјави анонимен официјален претставник на САД за Гласот на Америка. „Нивните способности се деградирани.“

Сепак, тешко е да се одговори на прашањето до кој степен е таа деградација.

Според висок воен претставник кој е информиран за активностите во борбата против Исламската држава, се уште е рано да се знае со сигурност. Тој кажа дека целосна слика ќе се изгради со растењето бројот на кибернетските операции.

Некои официјални претставници од САД на кибернетските операци против Исламската држава гледаат како на тест за да научи како да се постигне рамнотежа помеѓу искористувањето на ранливите страни и напаѓање на тие ранливи страни за да се прекинат нивните активности.

XS
SM
MD
LG