На свеченоста во Вашингтон, наградата ја додели поранешната државна секретарка и претседателка на Националниот Демократски Институт, Медлин Олбрајт. Македонската невладина организација има намера средствата да ги употреби за развој на веб-алатка која ќе им помогне на жените вклучени во политиката да добијат поголема поддршка од заедницата. Еве што по примањето на грантот ни кажа Малеска:
„Прво што сакаме да направиме е да не ставаме притисок на жените политичарки повеќе отколку што самите го имаат. Мислам дека оваа е поддршката која фали и сакаме да им го понудиме во овој грант. Во принцип сакаме да им оставиме простор на жените политичарки да се чувствуваат комфорно и да може да зборуваат. Меѓу другото и со проблемите со кои што се соочуваат, затоа што се жени.
Поранешната државна секретарка Медлин Олбрајт настанот го искористи да упати порака до жените во Источна и Централна Европа за обединување на силите во интерес на надминување на предизвиците. Притоа го истакна примерот со Косово, каде претседателката Атифете Јахјага покажала визионерство.
„Се надевам дека примерот на Косово ќе биде повторен во Македонија благодарение на заложбите на Реактор“, рече таа.