Линкови за пристапност

ИСИС погубиле жена која наводно шпионирала за Русија


Исламската држава објави дека е извршена егзекуција на лице по потекло од Северен Кавказ, кое било обвинето за шпионирање во корист на руските разузнавачки служби.

Она што го прави случајот необичен е тоа што наводниот шпион е жена.

За егзекуцијата беше објавено во најновото издание на „Извор“ пропагандно гласило на организацијата кое се издава на руски јазик. Погубена била Елвира Карајева, меѓу исламистите позната по прекарот Сумаја. Таа била обвинета за шпионажа во корист на разузнавачките служби на Русија и егзекутирана во Сирија.

Според руските медиуми, 28-годишната Карајева е родена во Карачаево Черкесија, руска република во Северен Кавказ. Таа доаѓа од етничката група Карачаевци, кои припаѓаат на турската јазична група. Карајева во 2013 година, заедно со својата ќерка тинејџерка, заминала за Сирија и се приклучила на Исламската држава. Пред да замине од Русија, таа, наводно, била четири пати во брак со членови од исламистичката вооружена група во Кавказ. Сите нејзини мажи или биле убиени од страна на руските безбедносни служби или починале под неразјаснети околности.

Во написот се тврди дека Карајева била под надзор на „безбедносните служби на калифатот“ од моментот кога пристигнала во Сирија, бидејќи таа веќе била осомничена за врски со руските служби за безбедност Русија.

Исламската држава често погубува жени, но оваа е прв случај на егзекуција на жена која доаѓа од руското говорно подрачје.

Руските разузнавачки служби не одговорија на извештаите дека Карајева била погубена.

XS
SM
MD
LG