Линкови за пристапност

Средба Трамп – Рајан


Можна заедничка соработка во кампањата

Најверојатниот републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, и спикерот на Претставничкиот дом Пол Рајан, сега веруваат дека има простор за соработка, особено кога се работи за пораз на демократската кандидатка, Хилари Клинтон.

Сцената надвор пред Републиканскиот национален комитет каде што двајцата се сретнаа, потсети на хаосот и на непредвидливата претседателска кампања која ја имаа републиканските кандидати.

Рајан, кој минатата недела изјави дека „не е подготвен“ да ја поддржи кампањата на Трамп, повторно целосно не ја прифати неговата кандидатура. Но, тој кажа дека е „охрабрен„ за обединување на силите со Трамп.

„Процес е, и за тоа треба време, но најважно е дека се прави вистинско обединување“, рече Рајан.

Трамп не коментираше и замина на разговори со други републикански законодавци. Некои од нив го имаат поддржано, а други и натаму се скептични за неговите политички ставови и за способноста да ја порази демократската кандидатка Хилари Клинтон.

XS
SM
MD
LG