Линкови за пристапност

Продолжени европските гранични контроли


Граничните контроли меѓу некои земји членки на ЕУ ќе продолжат да се во сила уште шест месеци, во време кога блокот продолжува да се бори со масовниот прилив на бегалци и баратели на азил.

На Австрија, Германија, Данска, Шведска и Норвешка ќе им биде дозволено да продолжат со своите контроли, оваа беше одлучено во Европскиот, и мерката стапува во сила уште денеска.

Од петте земји се бара да се консултираат со соседите со чии граници ќе се врши контролата за да се осигура дека мерките се спроведени таму каде што се „неопходни и се пропорционални“.

Германија ги воведе проверките минатата година во обид да се справи со приливот на илјадници мигранти во земјата. Без оваа одлука, во петок истекуваа правните можности за одржувањето на овие контроли.

Европскиот безвизен систем се најде на удар по зголемувањето на бројот на мигранти кои пристигнуваа на стариот континент, но терористичките напади во Париз и Брисел од изминатата година дополнително ја зајакнаа потребата од гранична контрола.

XS
SM
MD
LG