Линкови за пристапност

Кери: мора да ја спречиме корупцијата


Американскиот државен секретар Џон Кери присуствуваше на самитот за борба против корупцијата во Лондон

Кери на Универзитетот во Оксфорд во пресрет на самитот пред студентите рече дека САД соработуваат во борба против корупцијата.

Тој кажа дека, цитираме, „мора да ја спречиме корупцијата и да побараме одговор на меѓународно ниво. Како е можно да го допуштиме оваа што се случуваше со група на генерали во земја како Нигерија. Ние соработуваме со новиот претседател Бухари да го промениме ова. Во Нигерија видовме како десетици милијарди долари беа изнесени надвор од земјата. Тоа беа училишта, здравствената заштита, инфраструктура, нови работни места кои беа скриени во банкарските сметки низ целиот свет“, оцени државниот секретар на САД.

Целта на самитот е да се засили глобалната акција за откривање, казнување и искоренување на корупцијата во сите нивоа на општеството, а во прашање се доведуваат и практики на богатите земји како Велика Британија и САД.

На самитот учествуваа и лидерите од Нигерија, Авганистан и Колумбија.

XS
SM
MD
LG