Линкови за пристапност

Ердоган: Турција сторила најмногу во борбата со ИСИС


Турските сили досега убиле 3.000 борци на Исламската држава во Сирија и Ирак, рече претседателот Реџеп Таип Ердоган и кажа дека ниту една друга држава не сторила толку во борба против екстремистите.

Во обраќањето пред воените шефови на балканските држави, Ердоган ги осуди оние кои ја обвинуваат Турција за поддршка на Исламската држава.

Турција која е членка на НАТО беше претпазлива во приклучувањето кон коалицијата за борба против Исламската држава предводена од САД и се соочува со критика дека не прави доволно за да ги заштити своите граници за да ги запре борците на Исламската држава да се преместат во Европа. Турција вели дека и` треба повеќе помош од западните сојузници, особено во близина на границата со Сирија , каде што турската територија е мета на ракетни напади.

XS
SM
MD
LG