Линкови за пристапност

Обама ќе ја посети Хирошима


Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама ќе ја посети Хирошима, додека е во Јапонија за средбата на Групата 7 подоцна месецов. Тој ќе биде првиот актуелен претседател на САД кој го посетил градот, врз кој на 27-ми мај, пред 71 година, беше пуштена атомска бомба. Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест рече дека Обама нема да се извини за нападот чија цел била ставање крај на Втората светска војна, туку посетата ќе ја искористи да испрати порака за свет ослободен од нуклеарно оружје.

Ернест рече дека претседателот чувствува таква одговорност затоа што САД се единствената земја која го употребила тоа оружје.

Анкетата спроведена од страна на јапонската новинска куќа НХК покажа дека 70 отсто од јапонските граѓани се радуваат на посетата на Обама на Хирошима.

Премиерот Шинзо Абе изјави дека тоа ќе биде поттик за остарување на целта за свет без нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG