Сандерс освои 51 проценти од гласовите, додека Клинтон - 36. По пропорционалниот систем кој се користи од страна на демократската партија Сандерс ќе добие најмалку 16 делегати, а Клинтон 11.
По севкупниот број на делегати досега таа води со 2.239 наспроти 1.469 определени за Сандерс. Во пресметката се вклучени и т.н. супер делегати кои ветија дека ќе ја поддржат Клинтон.
За партиската номинација на конвенцијата во јули во Филаделфија потребни се 2.383 делегати. Но Сандерс во Орегон, каде се гласа следната недела, најави дека „ќе се бори до крај за секој глас“.
Трамп, единствениот републиканец кој остана во трката лесно победи во гласањата во Западна Вирџинија и Небраска. Неговата кампања издаде соопштение во кое двете победи ги нарече „голема чест“ и кажаа дека се надеваат оти Трамп ќе ги добие двете држави на општите избори во ноември.