Линкови за пристапност

Порака за соживот преку изложба за Холокаустот


Порака за соживот - изложба за Холокаустот
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:51 0:00

Изложбата ја покажува соработката меѓу албанскиот и македонскиот народ при спасување на Евреите во Втората светска војна

Над сто документи, преку 30 панели и 27 фотографии за бегството на Евреите од Македонија во Албанија за време на Втората светска војна, вчера можеa да се видат во македонската амбасада во Вашингтон.

Беа изложени лични карти, слики и списанија од времето што Евреите го поминале во Албанија, за нивното враќање во Македонија, како и за повторното формирање на еврејската заедница.

Материјалите се обезбедени од архивите на Албанија и на Македонија, а истражувани се документи и во Израел.

Скендер Асани, директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, вели дека изложбата ја покажува соработката меѓу албанскиот и македонскиот народ при спасување на Евреите.

“Седумдесет години по случувањата од 1943 година овие документи не беа објавени. Формиравме работна група која отиде во Албанија, и два пати, по две недели, истражуваше и дојде до материјали како тие Евреи се спасени од Македонија кон Албанија, што всушност беше инспирација за оваа изложба”, вели Асани.

Според Берта Романо- Николиќ, претседател на Еврејската заедница на Македонија изложбата треба да биде модел за соработка и соживот.

“Пораката на изложбата е на еден ваков начин, на Меѓународниот ден на победата против фашизмот, да се види реалната слика, нашиот соживот во Македонија и што може да се направи сега и во иднина за ова мултиетничко општество“, рече Николиќ.

Документите ќе бидат изложени и во Њујорк, а се дел од соработката меѓу Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Скопје, Меморијалниот центар за Холокаустот на Евреите, Институтот за национална историја и на Еврејската заедница на Македонија.

XS
SM
MD
LG