Линкови за пристапност

Крајот на конгресот одбележан со парада


Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ја предводеше големата парада во центарот на Пјонгјанг по повод одбележувањето на крајот на конгресот на владејачката партија на земјата во која тој ја зацврсти контрола на власта.

Стотици илјади Севернокорејци во свечена облека маршираа низ плоштадот именуван по неговиот дедо и основач на режимот, Ким Ил Сунг. Други, носеа патриотски слогани во време кога Ким Јонг Ун и мавташе на толпата од балконот високо над плоштадот.

Четиридневниот партиски конгрес на Работничката партија е прв во земјата по 36 години. Заврши вчера со потврда за политика за економски развоја истовремено зголемување на нуклеарниот арсенал на Северна Кореја. Конгресот, исто така ја доделува титулата на претседател на партијата на 33-годишниот Ким и го етаблира како вистински наследник на неговиот дедо и татко, поранешниот лидер Ким Јонг Ил.

XS
SM
MD
LG