Линкови за пристапност

Кери во дипломатска мисија низ Европа


Американскиот државен секретар Џон Кери ќе се сретне со претставници од неколку земји и ќе учествува на Самитот за борба против корупцијата.

Самитот за борба против корупцијата ќе се одржи во четврток, и е организиран од страна на британскиот премиер Дејвид Камерон. Меѓу присутните ќе бидат и шефовите на држави од Авганистан, Колумбија и Нигерија.

Самитот е во насока за справување со глобалната корупција, и се случува на само неколку недели откако беа објавени т.н. „Панамски документи“ во кои наводно и самиот Камерон имал удел во оф - шор фонд, формиран од страна на неговиот татко. Британскиот лидер изјави дека тој не сторил ништо погрешно. Јавноста ќе има пристап до т.н. „Панамските документи“, денеска, а во нив се спомнуваат различни светски лидери и државници.

Камерон корупцијата ја нарече „корен на многу од проблемите во светот,“ и рече дека е „непријател на напредокот.“

Русија на самитот ќе биде претставена од заменик-министерот за надворешни работи Олег Сиромолотов.

На настанот ќе присуствува и норвешкиот премиер Ерна Солберг.

XS
SM
MD
LG