Линкови за пристапност

САД забрануваат електронски цигари за малолетници


Покрај овие производи, се разгледува забрана и за тутонот за лулуња, наргилето и цигарите, а мерките ќе стапат на сила за 90 дена

Американската администрација за храна и лекови за првпат ја забранува продажбата на електронските цигари, како и на други производи од тутун, на лица под 18-годишна возраст.

Потегот е најнов напор на Владата да ја заштити новата генерација од зависност од никотин.

„Со намалувањето на пушењето цигари кај лицата под 18 години, дојде до зголемување на употребата на други никотински производи, особено електронските цигари. Меѓу 2011-та и 2015-та година, процентот на средношколци кои го употребувале овој производ нагло се зголеми“, изјави секретарката за здравство и здравствени услуги, Силвија Бурвел.

Покрај електронските цигари, се забранува и продажбата на тутун за луле, наргиле и цигари за малолетници.

Џејкоб Харви, кој користи електронски цигари, смета дека одлуката не е фер:

„Навистина не е фер да се обидете да ја ограничите поздравата алтернатива, за нешто што веќе знаеме дека е ужасно за вас. Тутунската индустрија отсекогаш била штетна, и секој знае за ракот и за другите болести. Но, вдишувањето и издишувањето на чадот, барем за мене, е поздрава опција. Подобрени ми се дишењето, чувството за вкус и мирис”.

Новите правила, што ќе стапат на сила за 90 дена, ги обврзуваат производителите од тутунската индустрија да ги испратат производите на регулативна проверка, да обезбедат листа на состојките што ги содржат и на пакувањата и во рекламните пораки, да обезбедат предупредувања за штетните последици по здравјето.

XS
SM
MD
LG