Линкови за пристапност

Прислушувањето во Македонија споредено со американските искуства


Прислушувањето во Македонија споредено со американските искуства
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00

Професорот на Универзитетот Џорџ Мејсон, Роберт Диц коментира дека разликата е во постапката во откривање на фактите

Целосната истрага во врска со скандалот со прислушување е важна, смета Роберт Диц, професор на Универзитетот на Џорџ Мејсон, и поранешен правен советник во неколку американски разузнавачки агенции:

„Класичен пример за тоа е администрацијата на Ричард Никсон. Секогаш кога се обидувате да прикриете или негирате нешто, тоа покренува повеќе прашања. Најдобар начин да се разреши скандалот е владата да ги изнесе сите факти, брзо и чесно, зашто само така може да се врати довербата кај граѓаните.“

Иако и по времето на Никсон, американското општество беше соочено со уште еден сличен скандал – со Националната агенција за разузнавање, Диц смета дека аналогијата со Македонија тука не може да се примени, од две причини:

„Прво, ние имаме слобода на печатот и информациите за некои програми дојдоа до медиумите. Владата не можеше да го запре објавувањето на тие информации. Потоа, тоа стаса до Сенатот и Конгресот кои одржаа распити. На крајот, некои беа за продолжување на програмите, а некои не. Фактите излегоа и се дебатираше отворено. За мене тоа е владеење на правото. Тоа не е значи дека владата работи совршено, туку дека владата е ограничена со законите, традицијата и така натаму. Денес, тоа е веќе стара вест. Никој повеќе не е не е загрижен. По скандалот е постапено.“

Во Македонија очигледно има уште многу да се работи на надминување на кризата во која се наоѓа државата. Запрашан за тоа колку меѓународната заедница може да помогне во процесот, професорот Диц одговори:

„САД немаат толкава моќ во односите со Македонија како ЕУ. Но, Македонија сака да се приклучи на групата на легитимни влади кои се почитувани од целиот свет, кои имаат чесно судство и владеење на правото. Мислам дека Македонија сака да биде дел од тоа.“

Од тие причини, тој смета дека иако ЕУ и САД можат да ускратат некои бенефиции за Македонија како инструменти за притисок со цел да се почитува принципот на владеење на правото, сепак самата Македонија треба да изнајде начин за надминување на кризата.

XS
SM
MD
LG