Линкови за пристапност

Чакрабарти: политичката криза ќе се одрази на економијата во Македонија


Директорот на Европската банка за обнова и развој ексклузивно за Гласот на Америка

Политичката заедно со бегалската криза во Македонија креираат атмосфера на загриженост кај странските инвеститори. Ова е оценка во годишниот извештај на Светската банка. Со констатацијата се согласува и Сума Чакрабарти, директорот на Европската банка за обнова и развој. Еве што изјави тој за Гласот на Америка:

„Јас сум длабоко загрижен за македонската економија, прво заради бегалската криза која се провлекува веќе некој период, а во последниве денови на тоа се надодава и политичката криза кој се продлабочува. Македонија стори многу во последниве години и се најде високо на листата „Доинг бизнис“ – каде се рангираат земјите по погодност за инвестиции. Мислам дека бегалската и политичката криза на едно место ќе ги загрижат странските инвеститори. Прво нешто што треба да се стори е да се реши политичката состојба колку што е можно побрзо, и тоа со помош на Европската Унија.“

XS
SM
MD
LG