Линкови за пристапност

Столтенберг: прекинот на огнот клучен за мир во Сирија


Шефот на НАТО Јенс Столтенберг денес изјави дека речиси двомесечниот прекин на огнот во Сирија е „под притисок“ но, се' уште претставува најдобра можност за мирно решение на кризата во земјата.

Прекинот на непријателствата помеѓу провладините сили и опозиционите борци стапи на сила на крајот на февруари и е заслужен за намалување на борбите во Сирија. Но, обете страни објавија бројни повреди, вклучувајќи и зголемување на борбите во изминатите две недели.

Столтенберг зборуваше на заедничка прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анкара.

Тој истакна дека и покрај мартовската најава на Русија за делумно повлекување на своите воени сили од Сирија, таму „се' уште има значително присуство на воена сила“ како поддршка на владата на претседателот на Сирија, Башар ал-Асад.

Столтенберг исто така го поздрави учеството на Турција во меѓународните напори за борба против Исламската држава, вклучувајќи и дозвола за употреба на воздухопловната база Инџирлик од страна на коалицијата предводена од САД за спроведување воздушни напади врз милитантите. Воени турски авиони земаат учество во воздушните напади во Турција, но не во Ирак.

XS
SM
MD
LG