Нападот бил насочен кон зграда во која престојуваат претставници на специјалните единици на авганистанските безбедносни сили кои работат под команда на авганистанската разузнавачка агенција и се одговорни за заштита на владини претставници.
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани го осуди нападот, што започнал утрото околу 9 часот по локално време откако бомбаш самоубиец детонирал возило со експлозив на влезот на објектот..
Во соопштението испратено до новинарите, портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид вели дека нападот бил насочен кон канцеларијата на авганистанската разузнавачка агенција.