Линкови за пристапност

По состанокот во Катар, пад на цената на нафтата


Пад на цените на нафтата откако главните земји производители на нафта не успеаја да се договорат за замрзнување на производството за да помогнат во стабилизирање на нафтениот пазар.

Цената на Брент сирова нафта се намали за пет проценти, а падна цената и на американската сирова нафта.

Министрите на 18 земји производители на нафта од ОПЕК и други земји по состанокот во Катар кажаа дека им требало повеќе време за донесување одлука за ограничување на производството на нивото од јануари.

Тие бараат стабилност по падот на цената на нафтата од 100 долари за барел во 2014-та година на сегашната цена на околу 40 долари за барел.

Ниските цени ги чини извозниците на нафта милијарди долари во приходи и нанесе штета на кревките економии кои се потпираат на овој сектор.

Иран, кој се противи на замрзнување, беше отсутен од разговорите во Катар.

XS
SM
MD
LG