Врховниот суд ќе ја разгледа законитоста на извршната наредба на претседателот Обама за имиграцијата. Највисокиот суд во државата ќе расправа за судбината на околу четири милиони недокументирани имигранти. Судиите на Врховниот суд на САД ќе ги слушнат аргументите за случајот на законитоста на извршната наредба на претседателот Барак Обама за имиграцијата.
Одлуката на Судот ќе има далекусежни последици за извршните одлуки на оваа и на следните администрации.
Темата за имиграцијата е исто така многу жешко изборно прашање.
Тужбата „САД против Тексас“ бара од судот да разгледа дали извршните активности на претседателот од 2014-та година за одложување на депортациите за некои од недокументираните имигранти се во надлежност на Владата и дали претседателот ги надминал уставните овластувања со тоа што вовел нови закони за имиграција.
Одлуката во тужбата ќе влијае на судски постапки во 25 други сојузни држави кои се спротивставуваат на акциите за имиграцијата на претседателот Обама.