Линкови за пристапност

Картер во посета на Багдад


Постои можност за зголемување на американското воено присуство во Ирак

Секретарот за одбрана на САД, Аш Картер е во ненајавена посета во Ирак. Целта на посетата е да разговара со неговите команданти и со ирачките лидери за начините на кои САД може да ја интензивираат борбата против Исламската држава во Ирак и Сирија.

За време на посетата на Багдад, Картер ќе се фокусира и на можноста за зголемување на бројот на американските војници во Ирак.

Високи претставник од Одделот за одбрана на САД кажа дека Ирачаните кажуваат што им треба. Пред да замина на патувањето, Картер укажа дека Белата куќа ќе одобри она што ќе биде официјална препорака.

Ова е негова трета посета на земјата откако е на функцијата.

XS
SM
MD
LG