Белгиските обвинители ослободиле три лица кои биле уапсени во вторникот во истрагата за поврзаноста со нападите во Париз на 13 ноември, во кој загинаа 130 лица.
Канцеларијата на белгискиот федерален обвинител соопшти дека против ниту едно од лицата не било покренато обвинение. Тие биле приведени во вторникот за време на полициска акција во областа Укле во Брисел.
Белгиските власти се обидуваат да ги пронајдат извршителите на нападите во Париз и нападите врз аеродромот и метрото во Брисел на 22 март, во кој загинаа 32 лица.
Во вторникот, две други лица идентификувани како Смаил Ф и Ибрахим Ф беа обвинети за терористички активности и убиство во врска со минато месечните напади во Брисел, објавија белгискиот федерални обвинители. Локалните медиуми објавија дека двајцата се браќа.
Белгиските власти се соочуваат со остри критики во врска со разузнавачките и безбедносните пропусти поврзани со нападите во Брисел и Париз, вклучувајќи и четири месечната полициска потрага за апсење на прво осомничениот за нападите во Париз, Салах Абделслам.