Македонската полиција користела солзавец и шок бомби врз толпата мигранти кои се обиделе да ја прескокнат оградата на границата со Грција.
Според извештаите, група од околу 30 лица се обиделе да го преминат затворениот граничен премин кај Идомени во северна Грција.
Инцидентот се случува по сличен ваков судир, на истото место во неделата кога полицијата употреби солзавец, шок бомби, гумени куршуми и водени топови оставајќи голем број на повредени.
Во неделата непознати лица расфрлале летоци во бегалскиот камп со содржина дека границата е отворена.
Грчките власти ја обвинуваат Македонците за неодмерена реакција и во исто време истражуваат од каде дошле лажните летоци.