Линкови за пристапност

ОМД: Време е Македонија да се приклучи на НАТО


Немањето решение за името е проблем за прашањето за членство, рече неделава Генералниот секретар на НАТО

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) објави извештај насловен „Членство на Македонија во НАТО: нема време за летаргија“.

Извештајот ја става во корелација политиката на проширувањето на НАТО со придонесот на Македонија кон Алијансата, и ја наведува тековната криза во Украина, заканата од ИСИС и бегалска криза, како голем аргумент за одржување на политиката на отворена врата и покана на Македонија за членство во Алијансата на претстојниот самит во Варшава, во јули.

Запрашан за истото при неодамнешната посета на Атлантскиот совет во Вашингтон, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг одговори:

„ Проблемот е што немаме решение за името и се` додека тоа прашање не се реши, не може да се реши и прашањето за членство“.

ОМД потенцира дека ветото на Грција е бесправно и во спротивност со Времената спогодба на Обединетите нации од 1995 година.

XS
SM
MD
LG