Папата Францис повика на сочувствителност кон „несовршените католици“, или оние коишто се разведени или се обидуваат повторно да стапат во брак. Тој овде зборува и за контрацепцијата – останувајќи на иста линија на ватиканскиот документ од 2015 – каде кажа дека поединецот има право да постапи според својата совест.
Во документот на Ватикан од 260 страници, насловена како „Радоста на љубовта“, папата Францис вели дека никој нема засекогаш да биде осуден, зашто тоа не е логиката на Евангелието“. Документот опфаќа прашања поврзани со сексот и бракот, а е изработен по две одвоени средби на католички бискупи во 2014-та и 2015-та година.
Папата не објави нов закон или регулатива за бракот, туку поддржува третирање на проблематиката по принципот случај-по-случај.