Линкови за пристапност

Шефот на ЕК „тажен“ за одлуката на Холандија


Трговскиот договор со Украина Холанѓаните го отфрлија на референдум

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер е изненаден од исходот на референдумот во Холандија за трговскиот договор на ЕУ со Украина, но неговиот портпарол вели дека Јункер останува посветен на „развојот на односите со Украина“.

Претседателот на Украина Петро Порошенко, вели дека останува посветен на договорот и покрај гласањето во Холандија, во кое близу две третини од гласачите се изјаснија против мерките. Гласањето имаше низок одзив кај гласачите, одвај достигнувајќи го минимумот од 30 проценти потребни за да се потврди одлуката.

Референдумот во средата беше необврзувачки, но го покажа неодобрувањето на плановите на холандската влада да го ратификува трговскиот договор.

Премиерот Марк Руте доцна во средата изјави дека холандската влада ќе се консултира со парламентот и со партнерите од Европа за да решат кој ќе биде следниот чекор.

XS
SM
MD
LG