Линкови за пристапност

После се` - „Фајзер“ и „Алерган“ нема да се спојат


По објавувањето на новите правила за корпоративните инверзии, фармацевтските компании се премислија.

Производителите на лекови „Фајзер“ и „Алерган“ го сменија планот откако Одделот за финансии на САД ги објави новите правила кои имаат за цел да ги запрат т.н. корпоративни инверзии (префрлање на легалниот статус на компаниите во други земји) со цел плаќање на понизок данок во САД.

Двете фирми се согласија за спојување во ноември минатата година, договор што изнесуваше 160 милијарди долари. На хартија Фајзер би се преселил во Ирска, каде што се наоѓа и Алерган, и каде што висината на данокот на добивка е многу помал. Тоа ќе и донесе значителни заштеди на споената компанија.

Според условите на договорот за спојување, сега „Фајзер“ ќе треба да му исплати на „Алерган“ 400 милиони долари заради раскинување на договорот.

Претседателот на САД Барак Обама вчера директно не го спомна планот на Фајзер, но рече дека избегнувањето на плаќањето на данок е „голем глобален проблем.“

„Голем дел од тоа е сосема легално и во тоа е проблемот“, рече тој. "Тие го користат системот. Многу од овие пропусти одат на сметка на семејствата од средната класа. Се излеваат пари кои би можеле да се искористат тука во САД“ за поправање на патиштата, училишта и други владини програми.

Обама го повика Конгресот контролиран од републиканците трајно да ги забранат корпоративните инверзии.

Секретар за финансии, Џејкоб Лу, додаде дека во крајна линија Конгресот треба да усвои нови закони за спречување компаниите да ја користат оваа пракса. Дотогаш, рече тој, креативните сметководители ќе изнаоѓаат нови начини за да го избегнат плаќањето на даноците во САД.

XS
SM
MD
LG