Европската унија и Грција ќе започнат со враќање на мигрантите од грчките острови кон Турција во понеделникот. Планот за депортација вклучува и Сиријци и е дел од договорот постигнат пред две недели меѓу турската влада и ЕУ.
Договорот има за цел да ја олесни мигрантската криза во Европа, но борците за човекови права и левичари во Европа протестираа против договорот, велејќи дека поттикнува ксенофобија.
Европскиот совет ќе започне со враќање на мигрантите идентификувани како нерегуларни и нови доселеници во Турција во понеделникот.
Како дел од договорот, Турција доби повеќе од три милијарди долари помош, олеснување на визниот режим за турските државјани и нова можност за влез во Европската унија.