Линкови за пристапност

Абделслам сака да соработува со истрагата


Адвокатот на главниот осомничен за терористичките напади од ноември минатата година во Париз изјави дека неговиот клиент сака да соработува со француските власти во истрагата за нападите.

Седрик Моис за новинарите изјави дека Салах Абделслам нема да се спротивстави на екстрадиција од Белгија во Франција. Тој беше уапсен на 18-ти март во Брисел по четири месеци бегство. Тој е обвинет за помагање и планирање на нападите во францускиот главен град во кој загинаа 130 лица.

Абделсалам исто така, се поврзува со Калид и Ибрахим ел Бакрауи, браќата кои учествуваа во минатонеделните бомбашки напади во Брисел во кој загинаа 32 лица.

XS
SM
MD
LG