Линкови за пристапност

Нова критика за Трамп


Републиканскиот претседателски фаворит Доналд Трамп се соочува со нова критика по изјавата дека жените кои извршиле абортус треба да бидат казнети, ако постапката е забранета во САД.

Неколку часа по неговиот коментар искажан на МСНБЦ Трамп го промени својот став велејќи дека само оние кои ги извршуваат абортусите треба да се соочат со кривично обвинение.

Додека трае борбата за гласови во Висконсин, ривалот на Трамп, сенаторот од Тексас Тед Круз кажа дека првичниот коментар на Трамп покажал недостаток на политичко знаење.

Трамп и гувернерот од Охајо Џон Кејсик заостануваат зад Круз во Висконсин каде гласачите ќе избираат меѓу нив но и помеѓу демократските кандидати за тоа кој да ја добие номинацијата.

Сенаторот од Вермонт Берни Сандерс звучи уверено дека ќе победи и на овие прелиминарни избори, но Хилари Клинтон се надева да стави крај на победите на нејзиниот ривал и да надодаде на водечкиот број на делегати.

XS
SM
MD
LG