Линкови за пристапност

Републиканските кандидати заедно против ИСИС, разединети меѓусебно


Тројцата преостанати републикански претседателски кандидати синоќа на јавен собир организиран од телевизиската мрежа Си-Ен-Ен во сојузната држава Висконсин се согласија со потребата да ја поразат Исламска држава, но тие беа резервирани во нивната меѓусебна поддршка.

Фаворитот Доналд Трамп кажа дека Исламската држава треба да се збрише од земјата брзо и со употреба на сила бидејќи не постои друга можност.

Сенаторот од Тексас Тед Круз кој е втор по освоениот број на делегати изјави дека САД треба прво да ја искористат „огромната воздушна сила“која ја поседуваат, а потоа да ги вооружат курдските борци кои ќе ја победат Исламската држава.

Гувернерот од Охајо Џон Кејсик се залага за пристапот за формирање на коалиција за уништување на Исламската држава, која вклучува поголем придонес од земјите од Персискиот Залив.

XS
SM
MD
LG