Полицијата вчера застрела лице откако тоа извадило оружје и го вперило кон полицајците за време на рутинска проверка на безбедноста на влезот во Центарот за посетители на американскиот Капитол.
Властите го идентификуваа лицето како Лери Досон, на 66-годишна возраст, од сојузната државата Тенеси и рекоа дека се наоѓа во критична состојба откако бил пренесен во болница.
Началникот на полицијата Метју Вердоса рече дека жена, случаен минувач била полесно повредена и дека нема повредени полицајци.
Досон во октомври бил обвинет за незаконско постапување и напад врз полицаец, откако во Галеријата на претставничкиот дом извикувал библиски стихови и се прогласил за „Божји пророк.“