Претседателот на САД Барак Обама синоќа ги повика новинарите да „копаат подлабоко и да бараат повеќе“ истакнувајќи ја важноста на слободата на печатот во Америка.
Обама рече дека во разговорите со светските лидери прво прашање кое е поставено е што се случува со американската политиката. Тој рече дека претседателската кампања донела „поделба и честопати вулгарна реторика“ што ги кородира демократијата и општеството.
Кога нашите избрани претставници и политичката кампања се непроверени од разумот, фактите и анализата, кога не е важно што е вистина а што не е, невозможно е да донесеме добри одлуки за идните генерации“ рече претседателот.