Линкови за пристапност

САД повикаа на поголема разузнавачка соработка


САД велат дека „може и мора да се направи“ повеќе во однос на подобрувањето на споделувањето на разузнавачките податоци во Европа по минатонеделните смртоносни терористички напади во Брисел.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест рече дека нападите на аеродромот во Брисел и подземната железница се потсетник за тоа колку е важно да бидат следени востановените „процедури на разузнавањето и национална безбедност“.

Тој повтори дека Белгија ја има поддршката на САД во истрагата.

XS
SM
MD
LG