Линкови за пристапност

Вашингтонското метро затворено


Затварањето е заради инспекција на електричните кабли, што не се случило во 40-годишната историја на јавниот превоз.

Целиот систем на градското Метро на Вашингтон, главниот јавен превоз за жителите, ќе биде затворен цел ден денеска заради итна и вонредна инспекција на електричните кабли – потег што создаде хаос во градот кој силно се потпира на подземната железница.

Официјалните лица на организацијата ја донеле одлуката по пожар избувнат во железнички тунел во понеделникот што го забави превозот на три одделни линии. Сличен пожар во друг тунел минатата година исполни воз со чад што уби еден патник.

Генералниот менаџер на транзитните власти Пол Ведефелд кажа дека сака да избегне друг потенцијално опасен по живот инцидент.

„Иако ризикот по живот за јавноста е многу низок, не можам да се оглушам на на потенцијално животно безбедносно прашање и тоа е причината што ја преземаме оваа мерка“, кажа тој.

Ова е прв пат во 40-годишната историја метрото да биде затворено поради причина што не е поврзана со временските услови.

Вашингтонското метро е второ по големина во САД, веднаш по Њујорк, со 188 км во должина.

XS
SM
MD
LG