Линкови за пристапност

Дали ИСИС извршил геноцид?


Стејт департментот до четврток треба да утврди дали ова може да се припише на Исламската држава

Според Асошиетед прес, државниот секретар Џон Кери е наклонет да ги оквалификува настаните како геноцид, но најверојатно ќе биде пропуштен рокот, додека се чекаат резултатите од правната ревизија. Таквата назнака САД претходно ја искористиле само еднаш за време на тековен конфликт и потегот има нејасни политички и правни импликации.

Меѓународен фокус

„Прогласувањето за геноцид ќе ја подигне свеста и ќе ја принуди меѓународната заедница на одговорни нации да дејствува, постави предуслови за реинтеграција на овие етнички групи и верски традиции на земјата на нивните предци“ стои во соопштението од минатата недела на републиканскиот конгресмен од Небраска, Џеф Фортенбери.

Тој го поднесе предолг законот во септември.

Договорот од 1948 на Обединетите нации за геноцид бара од потписниците, вклучувајќи ги и САД „да ги преземат неопходните мерки за да ги спречат и казнат“ делата сторени со намера „целосно или делумно да уништат национална, етничка, расна или верска група ...“

Во 2004-та, тогашниот државен секретар Колин Пауел утврди дека масовното силување и убиства во регионот на Дарфур во Судан се геноцид. Претходно, правници од Стејт департментот утврдија дека САД не се законски обврзана да го спречат геноцидот што се случува надвор од границите на државата. Пауел го повика Советот за безбедност на ОН да создаде комисија која ќе испита дали кривичните дела се геноцид и да дејствува соодветно.

Дефинирање на правниот стандард

Според Асошиетед прес, со определување на делата на Исламската држава како геноцид, Кери најверојатно ќе го упати предметот до Советот за безбедност на ОН за евентуална истрага и прогон од страна на меѓународен суд.

Кери минатиот месец сведочеше пред Конгресот и кажа дека злосторствата мора да ги исполнуваат законските стандарди за геноцид, и додаде дека ќе побара правници од Стејт департментот да ги оценат доказите. Тој вети дека ќе одговори „многу, многу скоро.“

Минатата недела, меѓународната католичката братска група „Витези на Колумбо“ непрофитна организација со седиште во САД која се бори во одбрана на христијаните објави извештај наведувајќи сведоштва за злосторства како што се обезглавувања, распнувања на крст, силувања и сексуално ропство.

Детални извештаи

Во извештајот на Службата за религиозни новости (РНС) се наведува дека во Ирак од периодот од 2003 до 2014 година се убиени 1.131 христијани, а биле нападнати 125 цркви. РНС за својот извештај ја истакна поддршката од групите како Геноцид Воч и Институтот Хадсон.

Неименуван претставник на Стејт департментот беше цитиран од страна РНС дека „без оглед на тоа дали однесувањето на Исламската држава задоволува одредени правни дефиниции, вклучувајќи геноцид и злосторства против човештвото, интересот на САД за одговорност на сторителите на зло делата останува непроменет.

XS
SM
MD
LG